Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 одигра вчера пред своите гледачи во Скопје нерешено 26-26 против германски Мелсунген во својот завршен ннастап во групата Б во Лигата на шампиони.
Мелсунген ја имаше почетната иницијатива и откако поведе со 2-0 ја одржуваше предноста, која достигна највисоки +3 (10-7) на средина од првото полувреме.
Од тој момент, меѓутоа, Вардар фати резултатски приклучок, понесен од одличниот Милош Валах, кој запиша осум интервенции во првото полувреме. Вардар најпрво со серија од 3-0 втор пат го израмни резултатот, а со нова серија од 4-1 во завршните минути дојде и до предност на полувремето од 14-12.
Второто полувреме започна со серија на Мелсунген од 4-1 за ново водство на германскиот тим од 16-15, но Вардар набрзо се врати во ритам и во 48. минута дојде до гол предност 21-20.
Завршните десет минути во СЦ „Јане Сандански“ донесоа голема неизвесност, а водството се менуваше на двете страни. На 25 секунди до крајот, Вардар поведе со 26-25, откако Фадуил беше прецизен од линијата од седум метри, но Мелсунген брзо реализираше во следниот напад за израмнување на резултатот на 26-26.
Ракометарите на Вардар го имаа последниот напад, а судиите по долго прегледување на видеоснимката одлучија дека немало елементи за седум метри во прекршокот на германскиот тим, кој на крајот извлече бод на гостувањето во Скопје.
Фадуил со седум голови беше најефикасен во редовите на Вардар, додека Валах го заврши натпреварот со 15 одбрани.
Вардар со вчерашниот дуел го заврши настапот во групната фаза во Лигата на шампиони со три освоени бодови, а натпреварувањата на меѓународната сцена ги продолжува во ЕХФ Европската лига.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски објави одлука од 2023 година: Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка
-

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
