-->
-->
„Велт“: Германските провинции ќе потрошат 17 милијарди евра поради бегалската криза
-->
Германските провинции планираат да потрошат околу 17 милијарди евра за справување со бегалската криза во 2016 година. Тоа е повеќе од 15,3 милијарди евра кои централната Влада има намера да ги обебзеди за справување со кризата, објави Велт.
Германските провинции неколкупати укажуваа до Владата дека тешко се справуваат со бегалскиот бран.
Весникот наведува дека според анкета, финансиските министри од провинциите бараат околу 17 милијарди евра за да се справат со кризата. Во тие податоци не е внесена провинцијата Бремен од каде досега не доставиле конкретни цифри.
Сумата може да биде уште поголема бидејќи нивните проценки се за околу 800.000 бегалци, а во Германија веќе има 965.000 кандидати за азил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит