„Велт“: ЕУ со план за воведување електронски визи за влез во Шенген
Европската унија планира да воведе систем за електронски визи за сите кои патуваат во Шенген зоната, а не се граѓани на ЕУ.
Врз основа на тој систем сите државјани на земјите со кои има ЕУ договор за безвизен режим ќе бидат обврзани да информираат за патувањето и да платат за тоа, објави германскиот магазин „Велт“.
Весникот се повикува на документ изготвен од европскиот комесар внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.
Предложениеот систем за регистрација на границите на ЕУ (ETIAS – EU Travel Information and Authorization System) ќе биде една од мерките за контрола на границите од влез на жители на трети држави.
Системот ќе овозможи да се определи дали присуството на едно лице на територија на ЕУ е опасност од гледна точна на илегална имиграција, безбедност или зачувување на јавно здравје, се вели во документот.
Одобрувањето на визата ќе чини пет евра, ќе се издава на лица над 18 години и таа ќе биде валидна до пет години.
Одлуката се донесува од миграциските власти на одделни држави, а не од европски органи.
Согласно планот на Аврамопулос, добивањето документи нема да одзема повеќе од 10 минути.
Планирањето на системот почнало по терористичките напади во Франција и Белгија, со цел спречување такви напади во иднина. Новиот систем првично ќе ги погоди Британците, како и граѓаните на државите со кои ЕУ има безвизен режим.
Ново на Сител
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
-
Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд