ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
ОН денеска апелираа за повеќе од 47 милијарди американски долари за испорака на витална помош следната година, предупредувајќи дека зголемените конфликти и климатската криза ќе остават стотици милиони луѓе незаштитени.
– Светот е во пламен, изјави во Женева новиот шеф за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Том Флечер, признавајќи дека со „страв“ гледа кон 2025 година.
Со конфликтите во места како Газа, Судан и Украина, и со оглед на тоа што климатските промени и екстремните временски услови земаат се повеќе жртви, ОН процени дека следната година на 305 милиони луѓе на глобално ниво ќе им треба некаков облик на итна помош.
– Во моментов се справуваме со поли-криза на глобално ниво, а цената ја плаќаат најранливите луѓе во светот, рече Флечер, предупредувајќи дека зголемената нееднаквост во комбинација со конвергенцијата на конфликтите и климатските промени создадоа „совршена бура“ од потреби.
Презентирајќи го Глобалниот хуманитарен преглед, Флечер призна дека ОН и нивните партнери нема да можат да допрат до сите кои имаат потреба.
Годишниот апел на агенциите на ОН и другите хуманитарни организации бара 47,4 милијарди долари за 2025 година, малку помалку од апелот за годинава, кои би требало да се доволни за да се обезбеди помош за 189,5 милиони најранливи луѓе.
– Има 115 милиони што нема да можеме да ги опфатиме со овој план, нагласи Флечер.
Ново на Сител
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава