Македонија
6. July 2015 - 23:22

Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал во Охрид

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски вечерва во 21,00 часот, на сцена Долни Сарај во Охрид го отвори 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Овој фестивал е во организација на Националната установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид.

Фестивалот кој важи за најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите ќе трае од 6 до 11 јули 2015 година.