Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
Од ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија - Скопје информираат дека поради покомплексен дефект на рендгенските цевки на двата компјутерски томографи (КТ), што се наоѓаат во деташираните одделенија на ургентeн центар и хируршките клиники, пациентите со итна патологија кои имаат потреба од КТ дијагностика од денеска се привремено пренасочувани кон другите јавни здравствени установи. Ова се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство, од каде појаснуваат дека за таа цел е изготвен план за упатување на пациентите до надминување на дефектот.
Како што нагласуваат, на дефектот се работи интензивно со цел континуитет во работата и највисока можна здравствена заштита за пациенти.
- Службата за ИМП е веќе информирана за времено насочување на итните пациенти, согласно планот. Во ГОБ „8 Септември“ од 08:00 до 14:00, од 20:00 до 02:00 часот. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски” од 14:00 до 20:00, од 02:00 до 08:00 часот, се појаснува во соопштението.
Од почетокот на следната недела и поликлиниката „Јане Сандански“ при Здравствен дом - Скопје, како и останатите јавно-здравствени институции што располагаат со оваа апаратура, според наведеното, ќе бидат вклучени во планот за итна КТ дијагностика.
- На Институтот за радиологија непречено фунционирааат уште два КТ апарати за веќе закажните онколошки и други амбулантски прегледи, без одложувања, а радиолошкиот лекарски кадар е подготвен во секое време да се вклучи во интерпретација на итните КТ наоди, што ќе бидат снимани во другите институции, се нагласува во соопштението.
Се потенцира дека Институтот за радиологија, во соработка со Министерството за здравство, вложува максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“