Велигденска честитка од Љупчо Димовски
Велигденска честитка од Љупчо Димовски,
претседател на Социјалистичката партија на Македонија
До поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан и до сите христијански верници,
Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод, на православните верници на МПЦ во земјата и низ светот и на сите христијани, од името на Социјалистичката партија на Македонија и од мое лично име да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите македонски граѓани спокој во секој дом и во сечие срце.
Велигден е возвишениот празник во кој се воспева животната среќа и изворот на љубовта и надежта, ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост, а ние за да го почувствуваме Христовото воскресение, потребно е да се раководиме со вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието и да живееме во верата со добри дела. Само ако нашиот живот е исполнет со такви добродетели тогаш сме ја разбрале и смислата на нашето постоење.
Овој голем христијански празник е убава пригода за потврда на нашата искрена и длабока верба во Македонската православна црква која и понатаму ќе продолжи со ширењето и јакнењето на верата, во обновувањето и зацврстувањето на внатренационалното разбирање и меѓунационалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален македонски идентитет. Затоа што со цврста верба, само единствени можеме нашата Татковина да ја направиме поубава во сегашноста и иднината. Обединети околу овие човечки вредности да ги вратиме оние кои, заведени од туѓите и лажни ветувања, застраниле и отстапиле од македонското заедништво и сите збрани да придонесеме со ширење меѓусебна добрина во зацелување на нанесените рани. Да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајната љубов и да возвратиме со.чесност и достоинство, посветеност и приврзаност кон Татковината, со искрена љубов и взаемно почитување да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија.
Нека ни е честит Великиот ден - Воскресение Христово и нека Господ нè дарува со сила, верба и благослов, за да го сочуваме и негуваме она што ни го дал како само наше македонско наследство и да ја благослови Македонија.
Нека е за многу години големиот празник!
Христос воскресна, навистина воскресна!
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев