Македонија
14. January 2022 - 11:33

Велешанец ја истепал својата 19-годишна сестра

На 12.01.2022 год. полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(24) од Велес, затоа што на 11.01.2022 год. физички ја нападнал неговата 19-годишна сестра, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.