Вејсели: Сулејман Реџепи ќе раководи со ИВЗ додека има доверба од Ријасетот
Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со Исламската верска заедница (ИВЗ) се додека ја има довербата од Ријасетот, изјави вечерва Мухамед Вејсели од ИВЗ, кој како скандалозна ја оцени одлуката на судот.
-Исламската заедница е самостојна и автономна институција гарантирана со Уставот на РСМ. Го има својот Устав, ги има своите правилници и согласно Статутот ниту еден орган, ниту една институција во државата не може да одлучува кој ќе биде Реиз ул-Улема. Може ли судот да одлучува кој ќе биде поглавар на МПЦ? Таа одлука е на Синодот на МПЦ, а не е на некој друг орган. Никој не може да одлучува кој ќе биде носител на верската јурисдукција на Реиз ул-Улема. Тоа е одлука на Ријасетот, изјави вечерва Муамер Вејсели од ИВЗ.
Тој оцени дека „вакви скандалозни одлуки се случуваат само во дивиот запад, само во една држава во која не функционира правниот систем“.
-Ние не сакаме да навлегуваме во повеќе детали, најверојатно тие ќе ви бидат соопштени откога целосно како највисок орган на Исламската верска заедница ќе ја разгледаме настанатата ситуација по истекот на работното време, рече Вејсели.
Се очекува, дополни, да се одржи и седница на Ријасетот на ИВЗ за што дополнително ќе информираат бидејќи е потребно време на координирање и пристигнување на сите муфтии од земјата.
– Ние сме секуларна држава согласно Уставот и во оваа секуларност согласно Законот за положба на верските заедници секоја верска заедница е уставна категорија, секоја религиозна група регистрирана во дражвата го има внатрешното нејзино уредување и внатрешната хиреархија. Согласно тоа внатрешно уредување, согласно внатрешните акти, согласно внатрешната хиреархија на поставување на органите на институциите на ИВЗ, Ријасетот е единственото тело што одлучува кој ќе биде носител на јурисдикцијата на Реиз ул-Улема, потенцира Вејсели.
Тој изрази жалење за ваквите, како што рече, скандали што се случуваат во ИВЗ која, според него, претставува над 900.000 муслимани во земјава. Вејсели порача носителите на јавни политички функции да се држат подалеку од Исламската верска заедница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи