Македонија
31. January 2020 - 10:29

Вечерва проекција на „Медена земја“ во Крива Паланка

Во Националната установа Центар за кулутра – Крива Паланка вечерва ќе се прикаже документарецот „Медена земја”, филм кој со две номинации за „Оскар” ја етаблираше нашата држава во светски рамки.

– Пред објавата на побединиците во категориите за „Оскар“, деветти февруари, уште една шанса граѓаните  да го погледнат македонскиот документарец во кино салата при нашата установа. Филмот ги направи горди сите со двете номинации за „Оскар“: најдобар документарен и најдобар странски филм, беше награден и на престижниот фестивал „Санденс“, а се најде и на листите за најдобри филмови за 2019 година во реномирани списанија како „Њујорк тајмс“, „Ролинг стоун“, „Варајети“ и други. Иако достапен и на интернет, како центар за култура овозможуваме публиката да го погледне и на големото платно, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Филмот е атрактивна приказна за правилото за баланс со природата по кое се води главната хероина, пчеларката Атиџе, чија порака „Пола за тебе пола за мене, така треба да функционира светот“ го обиколи светот.

-Билетите за проекцијата чинат 70 денари. Поради големиот интерес за филмот билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата при НУ Центар за култура Крива Паланка денес од пладне, се до прикажување на филмот, додаде Ѓоргиевска.