-->
-->
Вардар избори 1/4 финале во ЛШ
-->
Тешка победа на македонскиот првак Вардар во реваншот од 1/8 финалето во ЛШ против Висла Плок од 25-24 со што избори учество во 1/4 финалето каде ќе игра против унгарскиот тим Веспрем.
Мечот беше повеќе од драматичен а во еден момент во вториот дел гостите имаа предност од 3 гола но Вардар успеа да направи пресврт со серија од 4-0. Сепак во 53м Висла Плок водеше со 24-23 за да бравурозните одбрани на Штербик донесат пресврт и победа.
Тоскиќ го заврши мечот со осум гола од осум обиди, по четири постигнаа Карачиќ и Душебаев а Арпад Штербик имаше 17 одбрани. Во гостинската екипа Житников остана на седум гола, а голманите Коралес и Вихари одбранија четири од седумте вардарови седмерци. Првиот застана на 11 одбрани, а вториот само на двата пенала.
Вардар ќе игра четврт-финале против Веспрем, прво во Скопје, во периодот од 20 до 24 април, а потоа и на гости, од 27 април до 1 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка