Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
Фаќаат пајажини, прокиснуваат и се запуштени дел од модуларните болници купени во ковид пандемијата. 17 вакви објекти подолг период немаат никаква намена а во 2020 година Министерството за нив плати 4 милиони евра со напомена дека нема да ги користат само за време на кризата. И по толку време се уште нема детална анализа од здравствените власти колку се употребливи и колку од нив можат да бидат амбуланти. Засега има само идеја монтажната барака до Инфективна да биде пренесенаво затворот Идризово.
-За другите да видиме во каква состојба се и после да бвидиме да не се фрлаат или да се амортизираат туку доколку може неколку од овие повторно да се стават во функција не само како здравствени објекти, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Освен модуларните болници, спакуван и во магацин е се уште и акцелераторот за штипската болница кој беше купен уште во 2013 година за 2 милиони евра. Иако летото министерот за здравство најави брза акција за проверка на неговата состојба, се уште не се знае колку овој апарат е фукнционален.
- Не е лошо да се размисли за идејата да се стави било каде бидејќи воопшто не е користен, вели Таравари.
За акцелераторот во штипската болница да биде во функција мора да има бункер кој не е изграден.
Милиони евра инвестирани во опреми и објекти пропаѓаат а здравствениот сектор тоне во долгови.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар