Македонија
20. September 2024 - 21:18

Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје

Свечено пречекана чудотворната икона, „Пресвета Богородица Троерачица“. Во предвечерието на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, од Света Гора иконата беше донесена од игуменот на манастирот „Хиландар“, архимандритот Методије, во придружба со уште неколкумина светогорски монаси и свештеномонаси од Скопската епархија.

По пристигнувањето беше отслужена празнична вечерна богослужба. 

Граѓаните кои во голем број беа и внатре и во дворот на црквата, си посакаа само убави желби, а пред се, здравје.

По богослужбата, се спроведе литија со иконата. Архијерејите и другите свештенослужители, заедно со верниците, се упатија кон скопски центар и потоа се вратија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“.

Пред иконата на Пресвета Богородица во Хиландар се случиле бројни чуда. За да се заштити и разубави, на иконата е поставен златен синџир во кој се вградени пет илјади скапоцени камења, како и други вредни предмети.