Македонија
20. September 2024 - 16:37

Апелација ја укина пресудата против Зекири

Апелација ја укина пресудата од 2ипол години затвор против екс владиниот генсек Мухамед Зекири и предметот го врати на повторно судење. 

Повисокиот суд утврдил како што се вели во образложението, суштествени повреди на постапката

При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација. 

Кривичен во декември лани го осуди Зекири на две ипол години затвор за склучување на два договори за консултантски услуги без за тоа да спроведе соодветен тендер. Констатирано беше дека на тој начин Зекири предизвикал штета на буџетот од над 1 милион евра кои со пресудата беше задолжен да ги врати. Тој се бранеше дека спроведувал одлуки на вицепремиерот Битиќи. 

Зекири до овој момент има одлежано над година ипол во куќен притвор.