Вајгл ќе информира дали проектот „Жан Моне“ е прифатлив за партиите
Изветувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл разговорите со претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание за проектот „Жан Моне“, денеска ги продолжи со средба со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
По средбата со Тунтев, Вајгл ќе се сретне и со координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.
По завршувањето на средбите, европратеникот заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, повторно ќе се сретне со претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Вчера, Вајгл имаше средби со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА, како и со претседателот на Парламентот Џафери.
На крајот од дводневниот престој во Скопје, Вајгл на прес-конференција ќе информира дали кај парламентарните партии има расположение за неговата иницијатива за одржување средба во куќата на Жан Моне крај Париз, на која власта и опозицијата би разговарале за отворените прашања кои ја оптоваруваат политичката клима во Македонија.
Станува збор за неформално отворање процес на дијалог, без присуство на камери, за време на кој би се направил обид да се најде заеднички јазик за одредени прашања. Целта е приближување на ставовите за теми клучни за процесот на интеграција.
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции