Ужасот кој го направи Ивана добива нови размери: Еве зошто го убила детето
Стравот и ужасот кој ги приреди Ивана Пантелиќ Мајсторовиќ од Сокобања, кога ја задави својата осумгодишна ќеркичка со кабел, а потоа се самоуби, добиваат нови размери. Таа оставила писмо на сопругот пред да го направи грозоморниот чин, а во него напишала дека сакала да му се освети на сопругот со кој била во лоши односи.
Трагедијата се случи понеделникот спрема вторникот кога мајката ја задави ќерката со кабел, па ја остави во плакар, а потоа се самоуби. Во прошталното писмо за сопругот Дејан напишала дека сака да му нанесе болка, и дека го носи детето во смрт за да не го прокоцка тој.
- Спремен си да прокоцкаш се, па и нас, па затоа решив да го поведам детето со мене, за да не пати, рекла мајката која ја давела осумгодишната ќерка Наталија со електирчен кабел ии ја затварала устата додека таа пружала отпор.
Нејзиниот сопруг две години работел како молер во Франција бидејќи им требале пари, а бидејќи со Ивана често се карале, живееле одделно.
Ништо не укажувало на тоа дека мајката ќе крене рака на детето, па на себе. Таа беше пронајдена обесена на таванот.
Полицијата го истражува случајот.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски