УЖАСНО: Четири деца, родителите ги изгладнувале и држеле во куќа полна со измет
Живееле во куќа полна со измет, мувла и ѓубре. Четири деца спасени од буквален пекол.
29- годишната мајка и 23- годишниот татко од САД ги држеле децата во куќата со затворени прозоци и не им давале да јадат, а пелените со измет биле насекаде во куќата.
Кога полицијата влегла внатре затекнала ужасна глетка, децата имале болести по кожата ,осипи и температура, фекалии имало насекаде по куќата а едно од децата врескало од болка затоашто било заглавено под креветот.
Полицијата вели дека било толку лошо што им се повраќало, а родителите не покажувале никаква емпатија, делувале како зомби.
Таткото е осуден на 14 месеци во ментална болница а мајката две години лечење во ментална установа.
Објаснувањето кое таткото го дал на суд било бизарно.
- Ние сите имавме шуга, па се прошири! Исто така, тој рекол дека правел се што може кога неговите деца се во прашање, ги бањал во мијалникот, но тоа било тешко, бидејќи неговиот партнер има психички проблеми.
Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно:
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство