Утрово најстудено во Берово
Утрово е најстудено во Берово, два степена, а максимални 12 степени се измерени во Демир Капија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот утрово се измерени и 5 степени во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Лазарополе и Крива Паланка, 7 во Битола и Тетово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Велес, Попова Шапка и Штип, 9 во Охрид, Претор, Маврови Анови и Кавадарци, 10 во Дебар, Крушево и Виница, како и 12 степени во Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење