Утринска магла по котлините, преку ден топло со температури до 19 степени
Во поголем дел од државата утринава е ведро со слаб ветер од променлив правец. Во западните и северните делови има умерена до значителна облачност, а по котлините и слаба магла. Магла со намалена видливост има во делови од Полошката и Скопската котлина и во Демир Капија.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измеренеи -2 степена, а во Петровец кај Скопје и во Тетово -1 степен. Во останатите градови утринските температури се над нулата.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 11 до 19 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 13 степени.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН