Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
Оставка од министерот за транспорт, Александар Николовски побара лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, чија партија воедно е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. На македонската Влада не и биле се уште јасни протоколите, бидејќи само што дошле на власт и доколку Николовски не се извини за неговата изјава поврзана со непоставувањето на македонското знаме на средбата со претседателите Силјановска-Давкова и Радев, никој од бугарската влада не треба да се сретнува со нив.
Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив, најдобронамерно, тоа не можам да го одречам. Навистина тие се од неодамна во Владата во Северна Македонија и работите околу протоколите не му се јасни на државниот протокол. Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив“,
Хистерични реакции и манипулирање со факти од страна на македонската Влада- вака кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев ги оценува реакциите на македонската власт по фотографијата на двајцата претседатели. Велат дека новата Влада во Македонија не влева оптимизам дека сака да ги подобри односите со Бугарија и да престанат со провокациите.
Цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува во насока дали ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување на омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави и ќе ги почитува меѓународните договори, со нејзината посветеност за имплементација на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, соопштија од кабинетот на Радев.
Министерот Николовски пак смета дека Борисов не е достоен да бара оставка од него, зошто е корумпиран политичар. Македонија ја користат за политички поени во предизборието, и покажуваат дека ниту сакаат добрососедство, ниту пак Македонија да стане дел од Европската Унија.
- Јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува. Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Силјановска Давкова како претседател на Македонија.Дали сакаше да испрати порака дека тие во суштина и не ја признаваат Македонија, што е можеби нивни долгогодишен сон. Ние сме јасни кој сме, ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ, кажа Николовски.
Реакциите од Бугарија следат откако министерот за транспорт Александар Николовски,коментирајќи ја ситуацијата во Софија и отсуството на македонското знаме кжа дека Бугарија се покажала како нецивилизиран домаќин.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар