Утре итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради насилството во Појасот Газа
– Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен состанок зад затворени врати за да разговара за најновата ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад во Појасот Газа, соопшти палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур.
Состанокот е на иницијатива на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), членка на Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина, Франција, Ирска и Норвешка, се наведува во соопштението на директорката за стратешки комуникации на МНР од Емиратите, Афра Махаш ал-Хамели.
„Обединетите Арапски Емирати ја нагласија потребата да се врати мирот во Појасот Газа, да се намали ескалацијата и да се зачуваат цивилните животи“, рече таа, додавајќи дека Абу Даби „изразува длабока загриженост поради сегашната ескалација и повикува на максимална воздржаност за да се спречи вовлекување во нови нивоа на насилство и нестабилност“.
На утрешната средба членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за најновите случувања и како да се „поддржат меѓународните напори за постигнување сеопфатен и праведен мир“, објавија израелските медиуми.
Одлуката за средбата е донесена неколку часа откако палестинската мисија во ОН им се обрати на членките на Советот за безбедност на ОН и ги повика, како што се наведува во соопштението на кабинетот на палестинскиот амбасадор, „да ги преземат (своите) одговорности за да ја запрат израелската агресија врз палестинскиот народ во Појасот Газа и да обезбедат меѓународна заштита за палестинскиот народ“.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени