Преглед на вестите од светот
На аеродром Хитроу во Лондон денеска до полноќ нема да полетуваат и слетуваат авиони. најпрометниот аеродромот во Европа и петти најфреквентен во светот е затворен поради прекин во електричната мрежа по голем пожар што изби во блиската трафостаница доцна синоќа.Нарушено е патувањето на над 145 илјади патници. Пожарот остави без струја и над 16 000 домаќинства. Противпожарната бригада соопшти дека огнот е ставен под контрола . Интервенирале над 70 пожарникари. Причината за пожарот се истражува а во истрагата се вклучи и оделот за борба против тероризам.
Српските здравствени власти соопштија дека утрово починал еден од тројцата пациенти кои беа тешко повредени при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани. Станува збор за 19 годишник хоспилитализиран на Воено медицинската академија во Белград. И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на вма, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, се вели во соопштението на ВМА. Тој е 16 тата жртва во трагедијата во Нови Сад , која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.
Во понеделник во Саудиска Арабија ке се одржат американско руски и американско украински разговори за ставање крај на војната. Американскиот претседател истакна дека напорите на сад за постигнување мровен договор помегу Москва и Киев одат прилично добро. И мислам дека ни оди прилично добро во тој поглед. така, се надеваме дека ќе спасиме илјадници луѓе неделно од смрт. За тоа се работи. тие умираат, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Трамп рече и дека договорот за ретки минерали со Киев ке биде потпишан наскоро.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар