Македонија
21. March 2025 - 17:04

Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“

Со две кривични пријави против 34 лица и 3 фирми министерот за внатрешни работи прогласи крај на првата фаза во постапувањето за пожарот во кочанскиот клуб Пулс.

Крајот на првата фаза, Тошковски вели дека не е крај на истрагата. Рече дека очекува и нови приведувања додавајќи дека полицијата во соработка со Обвинителството и натаму работи и дека ќе одговара секој што сторил било каков пропуст.

Меѓу приведените 7 лица се полициски службеници што според Тошковски е доказ дека нема да се толерираат пропусти на било кое ниво.