Усвоена Информација за присилна концесија на дивечот во неколку ловишта
Владата на Република Северна Македонија денеска на седница ја усвои Информацијата за присилна концесија на дивечот во ловиштата „Сараево“, „Ратевска Река“, „Палазлија“, „Џами Тепе“ и „Чифлик“, во ловен реон Берово, „Кадина Река“ во ловен реон Скопје, „Душегубица“ во ловен реон Кичево, „Копришница“ во ловен реон Неготино и „Рожден“ во ловен реон Кавадарци на присилна концесија на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Национални шуми„ – Скопје.
-Со ова времено концесионирање на овие ловишта кои беа без концесионер, ќе се обезбеди поголема ефикасност на претходната одлука на Владата за преземање мерки за намалување на густината на популацијата на дивата свиња во ловиштата во Република Северна Македонија како превентивна мерка од појава и ширење на болеста Африканска чума кај свињите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари