Џет-Сет
26. August 2017 - 21:16

Уште една загуба во светот на филмот: Почина познатиот комичар

Американскиот комичар Џеј Томас, познат по улогите во сериите „Марфи Браун“ и „Кафулето Наздравје“, умре во 70-тата година од животот, соопшти неговиот публицист Том Ести.

„Томас беше еден од најсмешните и најљубезните луѓе и ми беше чест да го наречам клиент и пријател повеќе од 25 години, наведува Ести во соопштението.

Американските медиуми јавија дека Томас боледувал од рак.

За улогата во серијата „Марфи Браун“, Томас доби две Еми награди.

Томас работеше и како радиски Ди Џеј и тоа искуство го доведе до стендап комедијата и подоцна во театарот и на телевизија.

Глумеше и во серијата „Ред и закон: Одделение за жртви“.