Македонија
16. March 2025 - 21:08

Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска

Уште четворица пациенти кои се наоѓаа на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски" со амбулантски возила доцна попладнево се пренесени до аеродром, од каде ќе бидат транспортирани во Хрватска.

На оваа клиника имаше вкупно 29 пациенти.

Претходно во текот на денот, директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски ", Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека првата тура од двајца пациенти кои беа на респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.