Македонија
16. March 2025 - 20:52

СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на вонредна прес конференција која започна со минута молк побара темелна и независна истрага за целиот случај.

Апелираше до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината а одговорните да одговараат.

Постави и неколку прашања до министерот за внатрешни, Панче Тошковски.