Македонија
1. April 2018 - 14:53

Уредничко деби на директорот на АМС, Каевски: Која е таа што „го примила корнишонот на премиерот“?

Агенцијата за спорт и млади финансирала збирка поезија со скандалозна содржина на која директорот Дарко Каевски се потпишал како уредник jaвија домашните медиуми. Во тираж од 5.000 примероци, Агенцијата за млади и спорт ја објавила книга Збирка поезија дел од проектот ,,Млади поети“, започнат во 2014 година.

Откако извесен Демир Незири на Фејсбук синоќа објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник стои токму Дарко Каевски, на социјалните мрежи корисниците реагираа со голем број од коментари. Дека не станува збор за лажна вест сведочи оваа фотографија:

Од фотографијата недвосмислено се гледа кој е издавач и уредник на збирката. А сега, да видиме дел од содржината на песните. Првата песна е насловена како „Партиски вработена“. Еве дел од стиховите на оваа песна:

На кого ли мисли поетесава кога ги спомнува координаторот, директорот и особено корнишонот? Го знае ли Дарко Каевски одговорот на ова прашање.

Но, тоа не е сѐ. Објавен е и дел од песна која сериозно смрди на шовинизам. Еве ги тие стихови: