Loading Video...
Свет
2. September 2019 - 18:24

Ураганот Доријан удри на Бахамите ,загина 8 годишно момче

Најмалку една жртва, откорнати дрвја, уништени куќи и деловни објекти, населби без електрична енергија и поплави зад себе остави   Доријан, најсилниот ураган  што некогаш ги погодил Бахамите. Сега најважно е да се задржи оптимизмот, сметаат некои од  жителите .

- Во 2004 година кога го имавме ураганот Френсис, поминавме низ последиците од 10 недели без електрична енергија, вода и други нешта, и знаеме како тоа изгледаше, но ние повторно изградивме и повторно ќе градиме, вели жител  на Бахамите.

Доријан на островската држава   удри со силина од петта категорија.Донесе  високи бранови, обилни дождови и ветрови со јачина и до  300 километри на час.  Во невемето загина осумгодшно момче. Бројот на жртви според премиерот може да се зголеми.   

- Можам да им кажам само, дека се надевам дека ова не е послден пат кога ќе го слушнат мојот глас. Се соочуваме со ураган,каков  што никогаш не сме виделе во историјата на Бахамите. Ова е веројатно најтажниот и најлошиот ден во мојот живот рече премиерот на Бахамите.

Флорида и Јужна   Каролина  според метеоролошките извештаи се следни  на удар на ураганот.