УМС на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за студентските протести
Арогантниот и себичен однос на властите кон младиот човек во Македонија, заслужува реципрочен одговор, затоа, УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи денешниот протест од 14:00 часот пред МОН инициран од студентските организации заради нередовната исплата на стипендии и мизерниот студентски стандард.
Студентот го крева гласот и овојпат својот гнев кон оваа власт ќе го искаже на улица.
Како УМС секогаш сме биле единствен политички подмладок којшто е постојано во дослух со барањата и потребите на студентите. Алармиравме и баравме итна реконструкција и подобрување на квалитетот на храната во студентските домови, побаравме зголемување на сумата на стипендиите и на студентскиот оброк но од страна на СДСМ и ДУИ истото беше игнорирано.
Како единствен докажан партнер на младите, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе ставиме крај на понижувањата нанесени од оваа Влада во заминување.
Ветуваме дека студентите ќе добијат целосно реконструирани студентски домови, редовна исплата на сите стипендии и редовна исплата и надградба на сумата за студентски оброк.
На сите незадоволни и разочарани студенти, им порачуваме дека деновите на неспособноста, негрижата и индиферентноста кон иднината на државата, се одбројани. Наскоро, граѓаните ќе имаат шанса да стават крај на овие понижувања и академската катастрофа, а младиот човек повторно ќе може да се фокусира на академско усовршување, личен кариерен напредок и многу работа за градење подобро утре за себе и за Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците