Умреа под велот на мистерија: 9 планинари се пронајдени без очи и без јазик, а властите не смееја ништо да кажат
Планинскиот премин Диатлов на северот од Уралскиот масив кон крајот на педесеттите години се покажа како фатален за 9 искусни советски планинари. Седум мажи и две жени починаа под неразјаснети околности.
Студентите од Политехничкиот институт од Екатеринбург биле искусни планинари, сите имале втора категорија, а по ова патување и совладаната планина Отортен требало да ја добијат највисоката, трета катагорија на планинари. Отортен на јазинот на народите Манси кои живеат на планината значи „не одите таму“, но тоа не ги исплаши младите планинари под водство на Игор Диатлов.
Кога дошле во малото село Визаи на самиот раб од дивнината, домаќините им раскажале приказни и за ловците на народот Манси кои редовно исчезнувале на планинскиот премин кој го нарекувале „планина на смртта“. Еден планинар, Јури Јудин, добил и дезинтерија поради што бил присилен да остане во селото, а посебно е значајно што постои легенда за 9 ловци кои загинале на планината, но тоа не ги демотивирало планинарите.
По неколку дена искачување фи фатила снежна бура и биле присилени да направат камп и таму да се задржат. Токму затоа никој во нивниот спортски клуб не била загрижен што тие не се вратиле во рокот. Но кога цели 8 дена го надминале терминот, Јудин се загрижил, како и членовите на семејствата на планинарите па организирале потрага. Колегите од клубот не ги пронашле пријателите па се мобилизирани војската и хеликоптерите.
Кога е пронајден кампот станало јасно дека е празен некои време, како и тоа дека некој со нож го сечел задниот дел од шаторот за да може да побегне од него. Во шаторот останале залихи од храна, скии и топла облека.
Ги следеле трагите во снегот кои ги направиле босоногите планинари, трчајќи во непозната насока на температура од -22. На работ од шумата пронајдени се телата на двајца мажи во долна облека, замрзнати. Запалиле мал оган но тоа не им помогнало да се одржат во живот. Уште три тела, меѓу кои и на Ѓатлов, се пронајдени напатот назад кон шаторите.
Поминале месеци и пролетта биле пронајдени телата на останатите четири планинари. Биле топло облечени во облеката на своите пријатели кои се пронајдени на работ од шумата во долна облека. Се чини дека биле надвор од шаторот кога се нападнати, но зошто носеле туѓа облека? Им биле извадени очите, откорнати јазиците, скршени ребрата и згмечен мозокот иако надворешни повреди немале.
Обдукцијата покажала дека биле изложени на некој радиоактивен материјал, што властите никогаш не сакале да го коментираат.
-Моќна сила која планинарите не можеле да ја совладаат - пишува во службениот документ по затворањето на истрагата само месец дена по пронаоѓањето на последните четири тела, и покрај бројните неодговорени прашања. Целото подрачје било затворено за јавност и планинарење во наредните 3 години.
Главниот инспектор Лев Иванов подоцна рекол дека планината таа година ја надлетувале сјајни сфери и дека тој е „уверен дека станува збор за вонземјани“. Влатите нуделе одговори како лавина снег, напад на мечки или убиство од страна на Манси ловци, но се отекот на годините настаните на планината фасцинирале голем број теоритичари на завери.
Лавината дури не е и невозможно објаснување зошто дезориентираните настрадани често ја соблекуваат облеката зошто мозокот им испраќа сигнали дека се во пламен и горат (иако всушност се смрзнуваат), но тоа не ги објаснува другите мистерии како повредите, радиоактивноста и носењето туѓа облека.
Бројни книги, филмови, приказни и документарци се напишани и снимани за инцидентот на планинскиот премин Диатлов. Вонземјани, тајни тестирање на ултразвуци од страна на советската армија, американски тајни агенти па дури и уралскиот еквивалент на Јети - Менк, веќе со децении се споменуваат како потенцијални одговори на прашањето - што се случило со деветте планинари на преминот кој денеска го носи името на водачот на експедицијата.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори