Свет
30. September 2022 - 17:58

Украина ветува дека ќе продолжи да ја „ослободува државата и народот“

Украиските власти денеска соопштија дека нејзината војска ќе продолжи со својата контраофанзива против Русија на исток во државата, откако Москва анектираше четири украински региони и побара од армијата на Киев да престане со борбите.    

„Со обидот за анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, (рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да приграби територии што не ги контролира на терен. Ништо не се менува за Украина: продолжуваме со ослободување на нашата земја и нашиот народ, со враќање на нашиот територијален интегритет“, објави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на социјалните мрежи.