Раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, целосна реализација на капиталните инвестиции и рационализација на буџетските расходи, бара бизнисот
Ниска реализација на капиталните проекти, само 47 отсто до ноември, доцнење на повратот на ДДВ за компаниите, 35 до 39 отсто од БДП сива економија, недостиг на работна сила и намалување на извозот за 5,5 проценти во периодот јануари - октомври се само некои од предизвиците со кои годинава се соочи домашната економија, смета Стопанската комора на северозападсна Македонија (СКСЗМ).
Според анализите на Комората, сивата економија во „најдоброто сценарио“ ја чини земјава над 700 милиони евра годишно, додека во „најлошото сценарио“ надминува 1,7 милијарди евра потенцијални загуби на буџетските приходи.
СКСЗМ денеска на прес-конференција ги изнесе очекувањата за 2025 година, но испорача и барања до Владата. Како што рече претседателот на Комората, Менди Ќура, меѓу приоритетите се: раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, рационализација на буџетските расходи и мерки за намалување на инфлацијата, целосна реализација на капиталните инвестиции и на 130-те милиони евра за Коридорот 8 и 10Д.
Едно од барањата на СКСЗМ е и да се зголеми транспарентноста и ефикасноста на јавните институции.
Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на Новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното,
-Бараме зголемување на буџетот за капитални инвестиции на годишно ниво за 14 отсто и повеќе, да се ревидира и стави во функција новиот систем за увоз на работна сила од странство, да се изврши рационализација на буџетските расходи, да се имплементира принципот на одговорност за раководителите на институциите и да се преземат соодветни макроекономски мерки за намалување на инфлацијата во соработка со стопанските комори. Неопходна е и рамноправна распределба на странските директни инвестиции во сите технолошко-индустриски развојни зони, вклучување на сите сектори и дејности во унгарскиот кредит, не исклучувајќи ги туризмот и енергетиката, конкретизирање на чекорите кон децентрализација, како и донесување на законите од економската сфера исклучиво во соработка со стопанските комори, изјави Ќура.
Тој ги повтори и барањата за зголемување на минималната нето плата на 500 евра, намалување на придонесите за плата од 47,7 на 32 отсто, функционализација на системот за увоз на работна сила од странство, како и развој на стратегии за преквалификација на вработените во јавната администрација и нивна алокација во приватниот сектор.
Ќура се осврна и на позитивните достигнувања во 2024 година. Го истакна, како што напомена, рекордот на странскитe директни инвестиции кои достигнаа, рече, 838 милиони евра, формирањето на Министерството за енергетика кое е долгорочно барање на СКСЗМ, усвојувањето на Националната развојна стратегијa која е исто така долгогодишнo барање на Комората.
-Позитивните активности кои се забележани во тековната година се и делумното инкорпорирање на Платформата за економски развој на СКСЗМ во платформите на владејачките партии, донесување на Законот за забрана на нефер трговски практики, почнувањето со работа на Коридорите 8 и 10Д, распределбата на 250 милиони евра ликвидни средства со ниска каматна стапка за бизнисот и 250 милиони евра ликвидни средства со ниска каматна стапка за општините, солидарноста на бизнисите со граѓаните, како и позитивниот пристап на Владата за креирање на новогодишната кошничка во доброволна форма, нагласи Ќура и го поздрави почетокот на постапката за преиспитување на Законот за данок за солидарност.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец