Loading Video...
Свет
25. December 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Мир во светот и крај на војните и конфликтите. Миррот да се постигне со дијалог порача Папата Франциско во  божиќното  обраќање Урби ет Орби од  балконот на базиликата Свети Петар во Ватикан.

„НЕКА СЕ ЗАМОЛЧИ ЗВУКОТ НА ОРУЖЈЕТО ВО УКРАИНА РАЗУРНАТА ОД ВОЈНА. НЕКА ИМА ХРАБРОСТ ПОТРЕБНА ЗА ДА СЕ ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПРЕГОВОРИ И ЗА ГЕСТОВИ НА ДИЈАЛОГ И СРЕДБА, СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПРАВЕДЕН И ТРАЕН МИР. НЕКА СЕ ЗАМОЛЧИ ЗВУКОТ НА ОРУЖЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК“. 

Витлеем, родното место на Исус Христос го одбележува  вториот Божиќ во сенка на војната  во појасот Газа. На плоштадот Мангер нема празнични светилки и елка, ниту гужви од странски туристи. Утрово млади Палестинци маршираа низ улиците, носејЌи транспарнти со пораки за мир.

Русија од утрово  ја напаѓа енергетска инфраструктура на Украина. Нашите граѓани немаат мир ниту денеска, на Божиќ, изјави укрианскиот претседател Зеленски. Додаде дека  има прекини на струја низ целата земја. Русија пак објави дека напаѓа објекти на енергетската инфраструктура што го поддржуваат воено индустрискиот  комплекс на Украина.  Украина втора година по ред, Божиќ го празнува  според грегоријанскиот календар, одлука што беше донесена  за да се приближи до западниот брег, а да се оддалечи од руската тардиција на одбележување на празникот на 7 јануари.  

35 лица загинаа кога патнички авион се урна во Казахстан. Падот го преживеале  32ца, меѓу кои и две деца соопштија казахстанските власти.  Несреќата  се случила во близина на аеродомот во градот Актау. Авионот со 67 луѓе 62 патници и пет членови на екипажот полетал од главниот град на Азербејџан  Баку  за  Грозни во Русија но бил пренасочен кон аеродромот во Актау поради густата магла на дестинацијата. Причината за авионската несреќа не е позната, но на објавената снима од моментот на падот на леталото се гледа како авионот се движи со голема кон земјата со голема брзина со спуштена  опрема за слетување. Неколку секунди откако се обидува да слета , избива пожар. Во авионот на азербејџанската национала компанија имало државјани од четири земји- Азербејџан, Русија, Казахстан и Киргистан. 
„Во моментов, истрагата продолжува во тесна соработка со казахстанското обвинителство. Се истражуваат сите можни верзии и се спроведуваат сите потребни вештачења. Во моментов е прерано да се зборува за конкретни резултати од истрагата, изјави Кјанан Зеиналов, претставник на азербејџанското обвинителство.