-->
-->
Украдени компјутерски монитори од училиште во Вруток
-->
Непознати лица украле 24 компјутерски монитори од ОУ „Лирија“ во гостиварското село Вруток. Според пријавата, тешката кражба била извршена во периодот помеѓу 14-ти и 18-ти овој месец.
Од СВР Тетово, информираат дека крадците, влегле преку необезбедениот сутерен на објектот, а потоа насилно ги отвориле вратите од двете училници кои се наоѓаат во приземјето. Од училниците биле изнесени 24 компјутерски монитори, откако претходно ги пресекле сите кабли со кои тие мрежно биле поврзани.
- Вредноста на одземеното се проценува на 40 илјади денари, а причинетата материјална штета изнесува 15 илјади денари. Извршен е увид, се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија