УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјава, месец ноември годинава беше потопол од вообичаено и многу врнежлив во централниот дел од државата до екстремно врнежлив во истокот и западот, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР.
Средномесечната температура се движеше од 5,9°Ц во Лазарополе до 11,7°Ц во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше 3,0°Ц повисока на ниво на држава.
Највисоката максимална температура беше измерена на 1 ноември во Гевгелија и изнесуваше 23,2°Ц. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 12 ноември и изнесуваше -3,79°Ц.
Месечната сума на врнежи во државата во ноември варираше од 79,9мм во Скопје Зајчев Рид до 243,1мм во Маврово.
Врнежите беа застапени во текот на целиот месец и беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 67.8мм беше регистрирано во Лазарополе на 19 ноември.
Максималните дневни врнежи беа околу една третина од апсолутните максимални дневни врнежи, но историски гледано од октомври кон ноември оваа година имавме натпросечни врнежи и почвата беше пообилно заситена.
Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше три пати над просечната на ниво на држава.
МИА
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
