Училиштата во Њу Делхи затворени поради загадување на воздухот
Училиштата во индиската престолнина ќе бидат затворени до 5 ноември, соопштија денеска градските власти, додека жителите на Њу Делхи веќе трет ден го дишат најлошиот воздух во сезоната.
Претходно денеска, владината комисија за заштита на животната средина прогласи вонредна состојба поради загадувањето на воздухот.
Ова е здравствена вонредна состојба, бидејќи загадувањето на воздухот сега е опасно и со штетно влијание по здравјето, особено кај децата, се наведува во соопштението.
Владините индекси кои го следат загадувањето на воздухот достигнаа 500 во неколку делови на престолнината, а секое ниво над 400 се смета за тешка состојба која претставува ризик за здравјето на луѓето.
Владата презеде мерки за намалување на загадувањето и со ограничување на движењето на возилата во градот по системот „парни и непарни“ регистарски таблички.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот