Уапсен напаѓачот на касарна во Белгија

Полицијата го приведе напаѓачот на касарната во Намјур, соопшти белгиското Обвинителството.
Се уште не е соопштен идентитет на напаѓачот, како ниту мотивите. Се претпоставува дека тој сам дејствувал, но е неизвесно дали извршил планиран напад.
Маскиран напаѓач денеска се обиде да ја пробие оградата на касарната во Намјур, при што војниците отвориле оган. Тој успеал да избега, но неговиот автомобил останал на местото на инцидентот. При нападот нема повредени војници.
Во нападнатата касарна стационирани се специјални единици. Повеќе од 650 војници во моментот на нападот не биле во касарната, бидејќи учествуваат во меѓународна вежба.
Дел од белгиските медиуми јавија дека касарната е евакуирана. Се претпоставува дека во автомобилот на напаѓачот има експлозив.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
