Туск: Треба да се покаже солидарност кон Германија
Европската иднина во голема мерка ќе зависи од односот на Германија кон бегалската криза и другите земји треба да покажат повеќе солидарност во решавањето на овој историски предизвик, изјави во Берлин претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Како што пренесе Танјуг, Туск, во говорот на одбележувањето на 26-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Германија и канцеларката Ангела Меркел ги нарече примери за најдобрите европски вредности.
- Оние кои веруваат дека Германија е премногу отворена, премногу толерантна и либерална, заборавија да ја направат домашната работа за нашата трагична историја, рече Туск, поранешниот полски премиер.
„Дали ја сакате Германија која е отворена, толерантна, милослива и сочуствителна кон слабите и сиромашните, со други збороови Германија на Ангела Меркел или Германија која е затворена, ладна и немилосрдна? На тоа постои само еден одговор“, додаде Туск, а пренесоа британските медиуми.
Туск наведе дека заради тоа другите европски земји сега треба да покажат солидарност кон Германија во овие „тешки времиња“.
Германија, од друга страна, треба да сфати дека е одговорна не само за „своите морални пораки“, туку и за цела политичка заедница Европејци“, рече Туск.
Тој ја повика Германија да помогне во обезбедување на надворешните европски граници и Европа да се заштити од засилувањето на радикалниот популизам.
- Навистина, дали Европа ќе преживее како континент на слобода, владеење на правото, почитување на индивидуите и безбедноста на своите граѓани, во голема мерка ќе зависи од Германците, рече Туск.
Тој повика на измени во европската мигрантска политика, предупредувајќи дека зоната на Шенген ќе биде загрозена доколку не се засилат надворешните граници.
-Европа не е во можност да ги прифати сите луѓе кои сакаат да дојдат на нашиот континент. Да не се лажеме. Падот на Берлинскиот ѕид автоматски не ја укина потребата за граници, порача Туск.
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас