Свет
8. January 2016 - 12:02

Турската војска во северен Ирак одбила напад врз џихадистите

Турската војска одбила обид за напад на џихадистите од Исламската држава врз воената база во северен Ирак, каде турските војници ги обучуваат ирачките паравоени сили, изјави денеска извор од турската војска, пренесува Танјуг. 

Изворот од турската војска наведува дека, според информациите од локалните извори, во нападот на ИД врз кампот Башика во провинцијата Ниневех, убиени се 17 џихадисти. 

Турција на почетокот на декември во северен Ирак испрати околу 150 свои војници, правдајќи ги со зголемените безбедносни ризици во близина на Башике каде турските сили ги обучуваат ирачките паравоени сили да се борат против Исламската држава. 

Испраќањето на турска војска во северен Ирак предизвика дипломатска војна меѓу официјалниот Багдад и Анкара.