Бизнис
25. July 2018 - 8:24

Турската компанија Мурат Тиџарет ќе гради фабрика во Скопје

Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на  изградбата на фабрика на турската компанија Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.

Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата Мурат Тиџарет.