Нејзината несреќа е во тоа што пешкирот бил многу помал од екранот, така што само привлече поголемо внимание од купувачите.
За несреќата на овој познат ланец на производи за домаќинство и мебел, инцидентот се случил во текот на празниците, кога трговскиот центар бил преполн со луѓе и тоа со мали деца.
Еден од очевидците рекол дека порно филмот траел неколку минути додека било кој изреагирал, така што малите деца многу се вознемириле додека родителите се обидувале да им ги покријат очите или да им го свртат вниманието на другата страна.
Портпаролот на хонгконшкото одделение на оваа компанија во чиј дуќан се случи инцидентот рече дека се извинува поради немилите сцени, како и дека во тек е истрага за тоа како можело тоа да се случи.
Се претпоставува дека порното е пуштено како „шега“ на некој хакер кој од надвор упаднал во системот.