-->
-->
Туркменистан го усвои новиот Устав, со кој се зголемува мандат на претседателот
-->
Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов го одобри новиот Устав, кој денеска беше усвоен во Парламентот, со кој се зголемува мандатот на шефот на државата од пет на седум години и се укинува старосната граница за кандидатите за претседател, која досега беше 70 години, соопшти туркменистанската Влада.
Новиот Устав исто така го зацврстува многупартискиот систем во Туркменистан, ја посочува потребата од создавање услови за развој на цивилното општество, содржи текстови за улогата на правата на младите.
Со Уставот се воведува институцијата омбудсман.
Од вкупно 143 членови во Уставот, 28 се сосема нови, 80 се земени од стариот текст со измени и дополнувања, а 35 останале непроменети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење