Туристичката понуда на Македонија првпат пред швајцарските туристи
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) првпат ја претстави туристичката понуда на земјава на 14-тото издание на Интернационалниот саем за туризам „iViaggiatori” во Лугано, Швајцарија.
Како што информираат од АППТ, на саемот, што се одржува од 30 октомври до денеска, околу 26 земји и повеќе од 200 штандови се посетени од 11.000 швајцарски семејства кои се во потрага по следната туристичка дестинација.
Мнозинството од излагачите се национални туристички организации, хотели, држави и градови кои ја промовираат својата туристичка понуда, бидејќи Швајцарците преферираат да патуваат без посредник.
- Народот која има просечна плата од 5.500 евра и најголем број на патувања во текот на годината, покажа огромен интерес за природата и културата во Македонија. И покрај тоа што Швајцарците сакаат да патуваат индивидуално и самостојно, околу 30 отсто од нив преферираат патувањето да е организирано преку туристичка агенција и со фокус на летните одмори и гастрономијата. Помладите се пофлексибилни кога е во прашање должината на одморот, но се во потрага по одмор кој без исклучок вклучува активности во природа, велат од АППТ.
Според нив, и покрај тоа што омилени туристички дестинации им се соседните земји, 50.000 посетители на саемот во Лугано се воодушевиле од можноста за активен одмор во земја која е дел од европскиот континент.
- Со фреквенцијата на патување од 3-4 пат годишно, швајцарските тур-оператори сметаат дека просечен швајцарски турист може да помине 5 до 6 дена одмор во Македонија, нагласуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Ново на Сител
-
Приведен струмичанец за силување на својата 20-годишна девојка
-
Регистриран земјотрес во близина на Охрид
-
Зеленски: Во Германија најмалку 300.000 Украинци не работат и не бараат работа
-
Кјоб за Сител: Новата влада има добри економски приоритети но треба да се види реализацијата
-
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто
-
Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и оти нема важечки бугарски документи
-
Трамп и Харис имаат завршни митинзи денеска во Аризона и Невада
-
МП: Новиот Кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК