Трамп и Харис имаат завршни митинзи денеска во Аризона и Невада
Кампањата за претседателските избори во САД денеска се префрла во југозападниот дел на земјата, каде потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп даваат завршни аргументи пред гласачите во критичните „превртливи“ држави Аризона и Невада.
Кандидатите се очекува да апелираат до јужноамериканките гласачи во овие држави, и да дискутираат за безбедноста на границите, една од најважните теми во кампањата.
Во Аризона, Трамп оди во Глендејл, предградие на Феникс, каде се обраќа на настан заедно со Такер Карлсон, конзервативен коментатор со лепеза од контраверзии зад себе.
Харис пак ќе говори на митинг во Феникс, на кој ќе настапат „Лос Тигрес дел Норте“, позната мексиканска нортено група со седиште во Калифорнија.
Во 2020 година Трамп ја загуби Аризона со помалку од 11.000 гласови, и сега останува една од најтесно оспоруваните држави. Во гласачкото ливче таму е и мерката илегалните премини на границата да станат државен криминал, па републиканците сметаат да тоа ќе помогне да се мотивираат што повеќе гласачи за Трамп. Демократите пак настојуваат да ги мобилизираат гласачите со мерката за која ќе се гласа дали во уставот на државата би се вметнало и правото за абортус.
Со своите посети во Невада, каде што живее голем број на работници во услужната индустрија, двајцата кандидати ќе се вратат во државата каде што најавија планови за укинување на данокот за бакшиш за работниците платени по час.
Јужноамериканците во Невада би можеле да бидат клучни за изборот на следниот претседател на САД, но според последните анкети, тие сè уште се неодредени.
Трамп ќе биде во градот Хендерсон, непосредно надвор од Лас Вегас. Харис ќе биде во Рино и Лас Вегас, каде што ќе се појави заедно со поп иконата Џенифер Лопез и „Мања“, мексиканска поп-рок група.
Јужноамериканците во Аризона сочинуваат 25 отсто од популацијата со право на глас, додека во Невада тие се малку повеќе од еден од пет гласачи со право на глас, според истражувачкиот центар „Пју“. Традиционално, демократите освојуваа значителен дел од оваа демографска група, но анкетите покажуваат дека републиканскиот кандидат ја намалува таа предност.
На национално ниво, над 32 милиони јужнамериканци се регистрирани гласачи, така што тие се една од клучните групи за секој изборен циклус во САД.
Трката во југозападот доаѓа по скандалните изјави неделава за „ѓубрето“ поврзано со оваа националност во САД. Во неделата комичарот Тони Хичклиф на митинг на Трамп рече дека Порторико е „остров со пловечко ѓубре“. Завчера пак, во текот на видео врска на јужнамерикански лидери во САД со Џо Бајден, актуелниот претседател направи гаф нарекувајќи ги „ѓубре“, поджувачите на Трамп од оваа заедница.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад