Турците најбројни туристи во Македонија
Над 60.000 странски туристи ја посетиле Македонија во мај годинава. Најголемиот дел од нив 22.793 биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странските туристи во мај бележи раст од 5,1 отсто.
Вкупниот број туристи изнесува 86.234 во мај годинава кои оствариле 172.355 ноќевања. Најпосетени биле Скопје и езерските места.
Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,5 отсто, а кај странските за 10,4 проценти.
Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19,1 отсто, а кај странските има зголемување за 8 проценти.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење