-->
-->
Тркалезна маса за заштита на судиите од мешање во нивната независност
-->
Во организација на Судскиот совет на Република Македонија денеска ќе се одржи втората тркалезна маса на тема: „Улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност“.
На тркалезната маса, која ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе присуствуваат судии и претставници на релевантни институции.
Воведно обраќање ќе има претседателот на Судски совет на РМ, Бранко Ушковски, а излагања во врска со темата судијата од Апелацискиот суд Гостивар Златко Ангелковски, судијата на Апелацискиот суд Штип Весна Накова Димитриевска, судијата на Основен суд Скопје 1 Скопје, Дијана Груевска Илиевска и судијата на Основен суд Скопје 2 Скопје, Антоанета Димовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд