Оглас за избор на претседател на Врховен суд
Врховниот суд ќе добие нов претседател. Судски совет на денешната седница одлучи да објави оглас за избор на наследник на Беса Адеми. Нејзиниот четири годишен мандат истекува за помалку од два месеца. Според Законот за судови, Адеми има право да конкурира за уште еден мандат.
Судскиот совет на денешната седница бираше судии за битолскиот апелационен суд. Кривичниот оддел се засили со еден, а граѓанскиот со тројца судии. Овој избор ги подели членовите во судски. При гласањето отстапија од утврдената кандидатска листа. Судиите кои конкурурале имале минимална разлика во бодовите, па наместо треторангираниот, пополнувањето на испразнетите места го направија со кандидатот кој има помалку бодови.
Унапредувањето на послабо рангирани кандидати беше во фокусот и на оценската мисија на ЕУ. Според препораките, се бараше секој од членовите да образложи зошто поддржува послаб кандидат.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар