Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем
Со трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“ и натпревар за средни училишта денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе биде одбележана „Светската недела на креативност и иновативност“.
Целта на одблежувањето, под покровителство на Обединетите Нации, е да се охрабрат сите луѓе да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја.
На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ректорот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј Никола Јанкуловски, деканот на Машински факултет при УКИМ Дарко Данев, директорот на Фондот за иновации и технолопки развој Јован Деспотовски, холандскиот амбасадор во Скопје Ваутер Пломп..
Машинскиот факултет ги организира активностите во соработка со Холандско-македонската стопанска комора.
Ново на Сител
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител