Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје
Три лица се здобиле со тешки, а 10 со лесни телесни повреди во шест од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.
Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 23 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила, еден почетник и 13 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање, полицијата издала 73 мерки, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 47 возила.
Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.
Полицијата санкционирала и 15 возачи поради тоа што не носеле сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и 26 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на мототрни возила.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025